Србија: Декларација за Војводина усвоена на прославата на Денот на државноста
Декларација за Војводина во Србија беше усвоена вечерва на повик на српскиот претседател Александар Вучиќ, на собирот на Денот на српската државност во Сремска Митровица, јави Бета.
„Имаме и свои пленуми, многу поголеми од сите нивни пленуми заедно“, рече Вучиќ во своето обраќање.
Вучиќ претходно изјави дека по усвојувањето на Декларацијата, на митингот ќе разговара за нејзиниот текст со неговиот коалициски партнер, Алијансата на војводинските Унгарци, а потоа ќе ја проследи на усвојување до Собранието на Србија.
Поголемиот дел од вечерашниот митинг го помина зборувајќи за борбата против обоената револуција, истакнувајќи дека додека е жив нема да дозволи да ја „уништат Србија“ и дека со сите сили ќе се бори за Србија, за Косово и Војводина, како што рече, „не во Србија, бидејќи Војводина е Србија“.
„Ќе се борам на начин каков што досега не сте виделе, на начин на кој нашите противници не можат ниту да сонуваат… Сега ние политички возвраќаме против оние слуги на оние кои сакаа да спроведат обоена револуција“, рече Вучиќ.
„Кажете им дека обоената револуција не успеа“, нагласи претседателот на крајот.