Србија/Избори: Конечниот број на гласачи е 6.500.666, рекорден број домашни и странски набљудувачи

– Републичката изборна комисија на синоќешната седница во Белград донесе одлука за утврдување на конечниот број избирачи во Република Србија за изборите за пратеници закажани за 17 декември, и тој број е 6.500.666.
Како што соопшти РИК, таа конечна бројка на гласачи се однесува на сите единици на локалната самоуправа на сите избирачки места на 15 декември 2023 година.

Претседателот на РИК на Србија, Владимир Димитријевиќ изјави дека изборите ќе ги следат рекорден број домашни и странски набљудувачи.

„Изборниот циклус за пратеници ќе го следат 5.587 набљудувачи. Тоа се девет домашни здруженија, односно 25 меѓународни организации и странски држави“, рече тој.

Back to top button
Close