Средношколец во Германија уби соученичка и побегна, полицијата трага по него

Ученик во средно училиште во Германија уби соученичка по претходна расправија, пренесуваат германските медиуми.

Трагедијата се случила денеска по 10 часот во средното училиште Ловенорт во Сент Леон Рот, пренесува Билд. Се претпоставува дека на убиството му претходел некаков конфликт.

Според германските медиуми, напаѓачот е во бегство и по него интензивно се трага.

 

Според полицискиот штаб на Мејнхам, средното училиште било евакуирано, а учениците биле пренесени на безбедно место. На местото на настанот пристигнале голем број полицајци, како и спасувачки хеликоптер кој требало да го пренесе девојчето во болница, но таа од тежината на повредите починала на лице место.

 

Back to top button
Close