Средношколката кој го испрашуваше Макрон за министрите обвинети за силување доби посета од жандарми

Младата средношколка која му се обрати на францускиот претседател со прашање, зошто тој назначува на челни позиции во француската држава – двајца владини министри, лица под обвинение за силување. Жандармите, кои ја посетија тврдат дека целта на нивната посета да не се однесува на ова обраќање кон претседателот, јави дописникот на МИА.

Осумнаесет годишната Лаура, која живее во Гајак во Тарн, го доживеа непријатното изненадување да прими посета на неколку жандарми во нејзиното средно училиште ден по размената со Емануел Макрон, кој беше во посета на нејзиниот департман, поради обвинувањата за силување кои тежат врз двајца владини министри. Жералд Дарманин и Демиен Абад (првата беше цел на жалба за силување, прво отфрлена, а потоа повторно започната и за која обвинителството побара ослободување на почетокот на 2022 година).

Таа, од другата страна на патот, со нејзините пријатели, зад безбедносните бариери, додека претседателот ја напушташе жандармеријата во Гајак со министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин го повика претседателот:

-Главната цел на вашиот петгодишен мандат, беше еднаквоста на жените и заштитата на жените кои се злоупотребени. Во меѓувреме, на чело на државата ставате мажи кои се обвинети за силување и насилство врз жените. Зошто?

На што Емануел Макрон многу кратко одговори пред да замине да ја продолжи својата посета.тг/

Back to top button
Close