ССМ: Сите ние сме Стојанче Кашиковски

 

Денеска, сите ние сме Стојанче Кашиковски, нападот на еден од нас е напад на сите нас, како синдикалци и синдикати наша должност е кога некој се служи со секакви средства, нечесни, незаконски, нечовечки, недемократски да спречи синдикална активност, да врши притисок врз првиот синдикалец за другите да му се плашат, да застанеме и да се бориме заедно , порача првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски.

 

 

Кашиковски ја обавуваше функцијата претседател на синдикалната организација во „Водовод и канализација“, од каде му беше врачен отказ.

– Чесната синдикалната борба е препознаена и од политичари и политички партии со кои ние синдикалците и синдикатите не секогаш имаме исти ставови и гледишта за решавање на работничките проблеми, но сите заедно сметаме дека синдикатите мора и треба да бидат гласни во нивната борба, а никој не смее да врши присила и уцена спротивна на слободата на синдикалното здружување пропишана во Конвенциите на МОТ – изјави Димовски.

Back to top button
Close