Стано: ЕУ ги охрабрува српските власти да најдат решение за одржување на Европрајд

Портпаролот на ЕУ Петер Стано денеска изјави дека Унијата ги охрабрува српските власти да продолжат со контактите со организаторите на Европрајд, со цел да се најде решение за одржување на Прајд во мир и безбедност и изрази надеж за позитивна конечна одлука.

Beograd, 09. juna 2017. – Ministar zdravlja Zlatibor Loncar govori na ceremoniji urucivanja Sertifikata zdravstvenim ustanovama i privatnim praksamma koje su ispunile uslove za ucessce u Projektu razvoja i promocije zdravstvenog turizma u Srbiji pod pokroviteljstvom Ministarstva zdravlja. FOTO TANJUG/ SAVA RADOVANOVIC/ drstano

„ЕУ придава големо значење оваа Парада на гордоста да се одржи во мирни околности и со овозможена безбедност на учесниците“, се вели во писмената изјава на Стано.

Тој истакна дека ЕУ ја поддржува еднаквоста и ги отфрла сите форми на дискриминација и дека очекува нејзините најблиски партнери да се посветат на заштитата и подобрувањето на човековите права.

Претходно,145 членови на Европскиот Парламент побараа од српскиот претседател Александар Вучиќ да ја повлече контроверзната одлука за откажување на Европрајдот 2022 година кој требаше да се одржи подоцна месецов во главниот град на Србија.

„Прајд протестите се мирен начин за политичко застапување и еден од начините преку кои се искажува правото на слобода на говор и мирно собирање“, се наведува во писмото на европратениците до претседателот Вучиќ.

Тие, исто така, побараа српската Влада да ја засили полициската заштита и да ја осигура безбедноста на илјадниците луѓе кои се очекува да присуствуваат на Прајд маршот во Белград и на сите поврзани настани на најголемиот годишен собир на ЛГБТК+ заедницата во Европа.

Неодамна и американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја повика Србија да остане доследна на својата првична одлука да биде домаќин на меѓународниот настан „Европрајд 2022“ и да ја одржи парадата.

„Слободата на мирно собирање и изразување се суштински компоненти на здрава демократија. Ја повикуваме Србија да ја обнови својата посветеност и да биде домаќин на ‘Европрајд 2022’. ЛГБТИ+ правата се човекови права“, пред неколку дена напиша Блинкен на Твитер.

Од друга страна, на крајот на минатата недела Вучиќ беше категоричен дека годинешниот меѓународен „Европрајд“ во Белград нема да се одржи. Тој вели дека ќе се почитува одлуката на Владата на Србија за неодржување на парадата, нагласувајќи дека доколку некој настан е забранет, тој и ќе остане забранет.

Српскиот претседател им порача на организаторите на „Европрајд“, кои најавија дека ќе се соберат во договореното време и покрај одлуката на државата да го одложи настанот, дека ставот на државата е оти не постојат безбедносни услови и оти наместо да го сфатат тоа и да изберат други начини да се борат за нивната права, тие се обидуваат да ја одржат манифестацијата по секоја цена.

Меѓународниот настан „Европрајд“ секоја година се оджрува во различен град, а оваа година требаше да се одржи во главниот град на Србија од 12 до 18 септември. Белград беше прогласен за првиот град во Југоисточна Европа кој требаше да го одржи Европрајдот, но Вучиќ го откажа настанот.

Според ИЛГА-Европа, Србија котира прилично лошо во поглед на ЛГБТК+ правата. Во земјата нема уставна заштита, правно родово признавање, легислатива за злосторства од омраза, како и недоволно развиено граѓанско општество. Но, и покрај овие проблеми земјата стои подобро во споредба со неколку земји членки на ЕУ како Полска, Летонија, Романија и Бугарија

Back to top button
Close