Стоилковски ги обвини и Муслиу и Зечевиќ: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби,
Во Македонија можеби се одвива најтежок заговор против изборите со можна злоупотреба на најмалку две високи државни институции, Претседател на држава и Агенцијата за разузнавање, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?
Постои основано сомневање дека делува мрежа за фалсификување на документи и лажни вести кои веќе се употребуваат против ВМРО-ДПМНЕ, а зад ова седат Стево Пендаровски, неговиот директор на разузнавање Еролд Муслиу како и поранешниот разузнувач и сега генерален секретар Миле Зечевиќ, како и мешетарот Асаф Еисин.