Столтенберг: НАТО сака драстично да го зголеми бројот на војници за брз одговор

НАТО работи на планови за зголемување на бројот на војници за своите сили за брз одговор на повеќе од 300.000, изјави денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Press Conference NATO Secretary General Jens Stoltenberg

Деталите за тоа како воената алијанса сака да ги зајакне таканаречените сили за одговор на НАТО (NRF), кои во моментов се 40.000 војници, ќе бидат разгледани на самитот на лидерите на НАТО во Мадрид оваа недела.

Столтенберг очекува лидерите на НАТО „да ја сметаат Русија за најзначајна и најдиректна закана за безбедноста“ на самитот.

„Промените на силите за брз одговор и другите одговори на руските закани претставуваат најголемиот ремонт на нашата колективна одбрана и одвраќање од Студената војна“, рече Столтенберг.

Back to top button
Close