Столтенберг повика на смирување на тензиите меѓу Косово и Србија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг повика на смирување на ситуацијата меѓу Косово и Србија.

Pre-ministerial press conference by NATO Secretary General Jens Stoltenberg

Повикот на првиот човек на Алијансата доаѓа како резултат на дополнителното заострување на односите меѓу Косово и Србија, откако српските сили уапсија тројца косовски полицајци.

Тензиите траат од крајот на мај, кога локалното српско население на северот на Косово, кое го сочинува мнозинството во тој регион, се спротивстави на доаѓањето на власт на албанските градоначалници. Српското население ги бојкотираше априлските избори и не ги прифаќа резултатите.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти, илустративна фотографија.

 

Back to top button
Close