Струга и Кичево со градоначалници македонци –  Eвропскиот фронт ja молел ВМРО-ДПМНЕ да ги земе во Владата по секоја цена, обвини Вреди

Владејачката коалиција Вреди го обвини Европскиот фронт дека ја молеле ВМРО-ДПМНЕ да ги земе во Владата по секоја цена, а за возврат биле согласни во власта да учествуваат само со четворица министри и без претседател на Собранието. Според Вреди, Европскиот фронт му понудил на ВМРО-ДПМНЕ да соработувааат на локалните избори со цел Струга и Кичево да добијат Македонци за градоначалници.

„Елми Азири, пратеник од таканаречениот Европски фронт, во телевизиска изјава јавно призна дека учествувал на состанокот одржан во собраниска канцеларија 161! Со оваа, пратеникот Азири го призна тоа што коалицијата Вреди го зборува во контуинитет: Состанокот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ заедно со нејзините сателити се случил на барање на Али Ахмети пред основањето на Владата“, соопшти Вреди.

Средбата е одржана во Собранието во канцеларијата 161, се додава во соопштението, а на фамозниот состанок присуствувале Блерим Беџети, Елми Азири и Мендух Тачи.

„Оваа `европска` тројка коленичела пред претставниците на ВМРО-ДПМНЕ со цел да издејствуваат да станат дел од Владата наместо Вреди со само четири министри и без претседател на Собранието. Дури, нуделе на локалните избори да сработат ВМРО-ДПМНЕ да добие Македонци за градоначалници на Кичево и Струга и да направат список на поранешни функционери на ДУИ кои Ахмети бил подготвен да ги жртвува само за да ги спаси своите внуци“, се вели во соопштението.

Вреди додава дека паднале сите маски со јавното признавање на Елми Азири.

„Се потврди дека Европскиот фронт за да ги спаси своите поранешни функционери од кривична одговорност за сторена политичка корупција нема дно кое може да го пробие“, соопшти Влен.

Азири е пратеник од крилото на Зијадин Села од Алијансата на Албанците.

Back to top button
Close