Струмичкото обвинителство обвини 41 лице за непочитување на полицискиот час

 Основното јавно обвинителство Струмица до Основниот суд Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози против 41 лице за сторено кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира Јавното обвинителство, за секој од обвинетите е предложено судот да изрече парична казна во висина од по 50 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 10 евра во денарска противвредност.

-Обвинетите во одделни кривично правни настани, не ги почитувале одлуките и мерките на Владата со кои се забранува движење на населението на територијата на државата, соопшти Јавното обвинителство.

Back to top button
Close