Студено утро, преку ден сончево со температури до 25 степени

Утрото ќе биде посвежо, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје утрото посвежо, а преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.

И во среда времето ќе биде стабилно и сончево со студено утро. Во четврток ќе има зголемена облачност а попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.

Под влијание на циклонска активност во петок, за време на викендот и почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close