Студентите во Белград во нова 24-часовна блокада – Вучиќ најави свое обраќање

Студентите ширум Србија протестираат веќе два месеци, а нивниот бунт се шири и кај граѓаните. По блокадите излегоа на улица и со секојдневни акции бараат да се исполнат нивните барања.

Државата на неколку начини се обиде да го задуши нивниот бунт, но нивниот протест продолжува бидејќи не се исполнети сите нивни барања.

На тој начин студентите најавија 24-часовна блокада на сообраќајниот крстопат Автокоманда на 27 јануари, под симболичното име „Под наша (авто)команда“. Објавен е и точниот распоред на активности, правилата за време на блокадата како и точните делови кои ќе бидат блокирани.

„Почитувани учесници, ве молиме да не излегувате на автопат за време на утрешната блокада на Автокоманда, бидејќи со ваквите постапки можете да ја загрозите вашата безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Организацијата на блокадата е наменета како мирен протест кој испраќа јасна порака , но не смее да доведе до инциденти или непотребни ризици Ако одлучите да преземете таков чекор, имајте предвид дека тоа го правите на ваш сопствен ризик присутните.

Исто така, ве молиме да не стоите на трамвајските шини за да му дозволите на возилото за итни случаи непречено да минува. Ве молиме не пристигнувајте на локацијата пред 10 часот. Посебно апелираме строго да се придржуваат до упатствата на обезбедувањето за се да помине во најдобар ред и заеднички да обезбедиме успешно спроведување на протестот. Ви благодариме за разбирањето и што со вашето однесување придонесовте за успехот на нашата заедничка борба.

Повторуваме дека се оградуваме од какво било здружување со политички партии, политичари или невладини организации. Нашата борба е исклучиво граѓанска и студентска, но како и секогаш секој е добредојден да не поддржи како граѓани – без никакви партиски, политички или организациски карактеристики. Ви благодариме на сите што застанете покрај нас и ја поддржувате нашата борба за правда и одговорност“ – стои во постот на студентите во блокадата.

Учесниците во блокадата во неделата на 26 јануари одржаа креативна акција и во трговските центри во Белград, каде со фрлање флаери во воздух најавија 24-часовна блокада на Автокоманда, закажана за денеска од 10 часот и на тој начин поканетите граѓаните да се приклучат и да ги поддржат нивните барања.

Во понеделник попладне на јавноста ќе и се обратат претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот Милош Вучевиќ и претседателката на српското Собрание – Ана Брнабиќ, а причините за обраќањето не се познати.

Back to top button
Close