Суданската армија ја зазеде Републиканската палата во Картум

Суданската армија соопшти дека ја повратила Републиканската палата во Картум (седиштето на Владата), последното упориште на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) во главниот град на Судан, по речи две години борби.

Според објавените видео-снимки палатата делумно е разурната.

РСФ призна дека суданската армија ја зазела Републиканската палата. Бунтовниците соопштија и дека вчера ја презеле контролата над ал-Малиха, стратешки град во Северен Дарфур во близина на границата со Чад и Либија.

Судирите помеѓу суданската армија и РСФ избија во 2023 година поради предлогот за повторно воспоставување на цивилна власт во Судан. Од воениот удар во 2021 година со Судан раководи Суверен совет составен од армиски генерали.

РСФ е под команда на потпретседателот на Советот, генерал Мохамед Хамдан Дагал, а армијата ја предводи генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој е претседател на Суверениот совет. Според предложената транзиција кон цивилна влада, РСФ ќе биде интегрирана во суданската армија. РСФ бараше транзицијата да биде одложена за 10 години, но не се согласи армијата.

РСФ се составени од припадници на полицијата Џанџавид, обвинети за злосторства за време на долгата и смртоносна војна што започна во 2003 година во Дарфур, западен Судан, исто така е обвинета дека била вклучена во задушувањето на бунтот против диктаторот Омар ал Башир кон крајот на 2018 година, што кулминираше со неговото соборување од власт во април 2019 година.

Војната во Судан предизвика најголемата хуманитарна криза во светот, а РСФ и армијата се обвинети за масовно кршење на човековите права. Од почетокот на конфликтот помеѓу суданската армија и загинаа 28.000 луѓе, а милиони лица ги напуштија своите домови.

Back to top button
Close