Судијата Стефановски: На снимките од камерите јасно се гледаат обвинетите

Судијата во случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панчо Жежовски, Ивица Стефановски му одговори на првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо за снимките направени во домот на Велибор Манев, кои денеска беа презентирани од страна на Обвинителството, а на кои Палчо кажа дека „не се препознавал“.

На снимките јасно се гледаат обвинетите, рече судијата.нТој додаде и дека кај обвинетите јасно се гледаат уреди за комуникација.

Обвнителката Ана Стојковиќ Димитровска објасни како дошле до снимките.

Прибавени се од домот на Манев на 3.12 2023 година и се пренесени на хард диск кој е предаден на судот.  Не може да стане збор за манипулација со снимките, рече обвинителката, одговарајќи на обвинувањата од Палевски и неговиот бранител Јовица Страшевски

Back to top button
Close