Судот во Стразбур одби да и наложи на државата да го пушти Камчев во домашен притвор

Судот за човекови права во Стразбур го одби барањето на бизнисменот Орце Камчев  на државата да и се изрече времена мерка. Ова всушност значи дека судот одби да и наложи на државата да го пушти Камчев во домашен притвор и да му бидат извршени прегледи од кардиолог.

Адвокатите на бизнисменот Камчев  во изминатиот период постојано реагираат дека здравствената состојба на нивниот клиент е влошена, а тој, наводно, не го добива содветниот лекарски третман додека е во притвор. Тие реагираа во Европскиот суд за човекови права од каде што побараа одговори од македонската Влада.

Европскиот суд за човекови права согласно со правилото 39 од Правилата на Судот во случајот на г-дин Камчев, а поради причина на флагрантно и континуирано кршење на неговите основни човекови права, е во постапка за изрекување на времена мерка со која на македонските власти треба да им се наложи под итно да извршат медицински преглед од кардиолог и итно ослободување и сместување во домашен притвор поради неговата влошена здравствена состојба“, се наведуваше во соопштението од неговите адвокати.

По одговорот од Владата, од европскиот суд одлучиле да го одбијат барањето.

-Барањето за времена мерка против државата е одбиено, потврди владиниот агент Даница Џонова за „Фокус“.

Одговорот на Владата се движел во насока дека на притвореникот му се пружа соодветната здравствена заштита, а тој самиот во неколку наврати одбил да оди на преглед.  Како што веќе објави „Фокус“, тој дури пет пати одбил да оди на лекар.

-Од добиените службени белешки и известувања доставени од КПУ Затвор Скопје и своерачно пишани изјави од обвинетиот во периодот од 23.06.2021 година до 02.11.2021 година обвинетиот 5 пати своеволно одбил да биде спроведен на медицински преглед во ЈЗУ УК за Кардиологија при комплекс клиники Мајка Тереза, ни одговорија од Кривичниот суд.

Back to top button
Close