Сунак се сретна со саудискиот престолонаследник во Ријад

Британскиот премиер Риши Сунак вечерва во Ријад се сретна со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, откако претходно се сретна со Нетанјаху ветувајќи континуирана британска поддршка за Израел.

Портпаролот на британскиот премиер за весникот „Телеграф“ изјавил дека Сунак и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман „се согласиле за важноста да се избегне понатамошна дестабилизација на Блискиот Исток, вклучително и преку иранските посредници во регионот, и се обврзале да ја координираат акцијата за деескалација на тензиите“.

Сунак пред околу половина час на Х напиша дека слетал во Саудиска Арабија.

– Како меѓународна заедница, не смееме да дозволиме терористичкиот напад на Хамас да стане катализатор за ужасна хуманитарна криза во Газа. Ќе работиме заедно за да обезбедиме регионална стабилност и да спречиме опасна ескалација, напиша британскиот премиер

Back to top button
Close