Супертајфунот Нору се движи кон Филипините

Се евакуира населението од филипинскиот остров Лузон поради приближување на та фунот Нору.

Тајфунот е придружен со ветрови со брзина од 185 километри на час.

Според филипинската Национална метеоролошка служба, тајфунот Нору денеска ќе ја погоди областа на околу 80 километри североисточно од главниот град Манила.

Метеоролозите истакнаа дека брзината на ветрот што ја придружува Нору се зголемила за 90 километри на час за само 24 часа. Тие исто така предвидуваат дека брзината на ветрот може да достигне 205 километри на час кога супертајфунот ќе стигне на копно.

Back to top button
Close