Свлечиште затрупа 47 луѓе во Кина: спасувачи трагаат по преживеани

Свлечиште во планинската провинција Јунан во југозападна Кина затрупа 47 луѓе, а најмалку 200 се евакуирани, откако областа беше погодена од ниски температури и снег.

Несреќата се случила нешто пред шест часот наутро во селото Лиангшуи во североисточниот дел на Јунан.

Спасувачка акција е во тек, во обид да се пронајдат преживеани под урнатините. Затрупани се 18 посебни куќи, соопшти одделот за односи со јавноста на округот Женксионг. Не е познато колку луѓе се загинати или повредени.

Засега не е познато што ги поттикнало одроните, иако од фотографиите се гледа дека паѓа снег и дека на земјата има снежна покривка

Back to top button
Close