СВР Куманово: Во Липково 187 лица со решенија за изолација, во Куманово 108

– Секторот за внатрешни работи Куманово денеска информира дека на подрачје на општина Липково има 187 лица на кои им се врачени решенија за изолација, а 32 лица се во самоизолација.

Во општина Куманово, пак решенија за изолација примиле 108 лица, додека во самоизолација се 111 кумановци.

Најмал број има во општина Старо Нагоричане каде има дамо две лица со решенија за изолација и четири лица со решенија за самоизолација.

– Во однос на уредбата за задолжително носење заштитна опрема на подрачје на СВР Куманово во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 62 лица-наведуваат од кумановската полиција.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close