СЗО за ТВ24: Квалитетното лекување е клучно за намалување на смртноста од ковид-19

Квалитетот на здравството, лекувањето, хроничните заболувања, како и возраста кај населението се дел од факторите за високата смртност, вели д-р Кејти Смолвуд од Светската здравствена организација (СЗО) во интервју за ТВ 24.

Таа нагласува дека клучен фактор кој може да ја намали смртноста е високата стапка на вакцинација, но како важен фактор го посочува и третманот и медицинската нега на пациентите со ковид.

Работата која СЗО ја врши со колегите од Македонија за да се подобри квалитетот на нега во одделенијата за интензивна нега и во болниците, да се осигура дека кислородната поддршка се дава навремено и луѓе кои не мора да се стават на механичка вентилација, да не бидат ставени на механичка вентилација. Но, постојат и многу други работи и во моментов имаме многу моќна алатка, бидејќи повеќето хоспитализирања и смртни случаи се меѓу поранливите лица постарите и со хронични болести можеме да ја намалиме смртноста со зголемување на вакцинираните лица. Вакцинираните ќе бидат заштитени од хоспитализација и во најголем дел од смрт. И тоа ќе изврши драматично влијание врз смртноста од ковид –вели д-р Кејти Смолвуд од СЗО.

Back to top button
Close