Таравари: Ако се донесе неправедна одлука за Косово, може да бидеме дел од конфликтот наречен Трета светска војна
Преку објавата на својот Фејсбук профил, еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН и министер за здравство, Арбен Таравари ги анализираше настаните што се случуваат во светската политика по доаѓањето на власт на администрацијата на претседателот Доналд Трамп и состојбите на Балканот, особено на Косово. Таравари објави дека дипломатијата исчезнува и дека претседателот Трамп целосно ги менува ставовите и постапките на САД.
Како што оценува, Балканот секогаш ја има етикетата „буре барут“ и „доколку се запали, со себе ќе го понесе не само овој континент, туку и целиот свет“. Тврди и дека „може да дојде до Трета светска војна доколку се донесе неправедна одлука за Косово“.
Во продолжение целиот статус на Таравари:
„Целиот свет е сцена, а сите мажи и жени само актери… Исто како и ненадеен крај на бракот, се доживува распад на американско-европските односи, затоа што има дефект и тоа е неспорно! Сега, дипломатијата што исчезнува останува слаба надеж дека овој раскол нема да се претвори во раскинување. Се појавија секакви теории, шпекулации и претпоставки, но суштинското прашање останува: Што ќе се случи со светот?! Претседателот Трамп целосно ги менува ставовите и постапките на САД. Овие промени се еквивалентни на движењето на тектонските плочи, а бидејќи САД се една голема плоча, земјотресот ги стресува сите. Некои европски лидери ја доживуваат оваа динамика на начин што наликува на повик за помош од психолог.
Балканот секогаш има буре барут кое колку и да има предрасуди или судење од официјална Европа, доколку се запали, со себе ќе го понесе не само овој континент, туку и целиот свет. Овие нови спорови кои целосно ги нарушуваат старите баланси, до каде ќе одат, а како ќе се одразат особено на Косово?! Сите актери кои учествуваат на овој настан треба да знаат дека: ако се донесе неправедна одлука, дури и за дел од него, Косово ќе остане запишано во историјата како малата земја што го предизвика големиот конфликт и сите ние ќе бидеме дел од конфликтот кој би можел да се нарече и Трета светска војна“.