Таравари: Модуларните болници ќе бидат пренаменети во амбуланти или во објекти за другите министерства
Модуларните болници во земјава, кои се користеа во време на пандемијата, веќе се пренаменуваат, но не во болници туку во амбуланти и други објекти што се потребни за другите министерства, изјави министерот за здравство Арбен Таравари по денешната посета на Велешката општа болница.
– По тоа што се случи во Тетово со пожарот во Модуларната болница, апсолутно тие болници не смееме да ги користиме бидејќи знаете како завршија 15-16 пациенти во Модуларната болница во Тетово. Не смееме ни да размислуваме за користење на тие времени објекти како болници, рече Таравари, одговарајќи на новинарско прашање.
В.д. директорот на Велешката општа болница Александар Бузалков информира дека засега не размислувале за пренамена на Модуларната болница во Велес.
Додаде дека таа е тука, како имот, се грижат за неа постојано да биде исправна, да не се оштетува и рече дека понатаму ќе и се наје нова намена