ВИДЕО Исен Шабани му сврте грб на Села и сега е под исти чадор со Таравари за да биде кандидат за втор мандат градоначалник на Врапчиште
Исен Шабани беше потпретседател на Алијанса за Албанците но крилото на Зијадин Села.

Арбен Таравари.ја откри тајната зошто Шабани го напушти Села и е веќе во неговите прегратки.Шабани како градоначалник на Врапчиште израчунал дека поголеми му се шансите со Таравари да стане по втор пат градоначалник на Врапчиште. Бегството му било од прагматични а не од идеолошки причини.
.„Исен Шабани отсега е овде и ќе стане пратеник во Собранието на Алијансата за Албанците и најверојатно ќе биде, нормално Собранието ќе треба да одлучи, тој ќе биде кандидат за градоначалник на Алијанса за општина Врапчиште“, потврди Таравари.