Таравари- Разочаран сум што Влен од прекрасен проект се претвори во неуспешен обид
На првата годишнина од владата на Мицковски се јави Арбен Таравари кој како лидер на алијансата на албанците беше дел од владиниот коалиционен партнер Влен но пред еден месец ја напушти владата и министерската фотеља во здравството и премина во опозиција.
Таравари вечерва на фејсбук напишал дека е разочаран што Влен од прекрасен проект се претворил во неуспешен обид. Тој се извинува на граѓаните што ветиле но не ја донеле промената.
Arben Taravari
Денес, на 1-годишнината од владеењето на триото ВМРО-ЗНАМ-ВЛЕН, не можам да не изјавам со разочарување дека ВЛЕН од прекрасен проект брзо се претвори во неуспешен обид…
Промената не значи промена на имињата на партиите туку на нивниот менталитет!
Сепак, сите сме на време ако сме на вистинското место затоа ја повикувам секоја партија да се здружи со силата на народот и со своите права!
Еве го октомври кој е блиску, многу блиску!