Татко и два сина издржале 76 часа под урнатините во Турција

Турскиот претседателски авион превезе 16 бебиња од Кахраманмарас кои го преживеаја земјотресот, јавува Anadolu Agency. Станува збор за бебиња на возраст до една година.

Откако авионот слетал на аеродромот Есенбога, бебињата биле прифатени од претставници на Министерството за семејство и социјална заштита и префрлени во градската болница во Етлик.

Откако во понеделникот разорните земјотреси ги погодија јужните провинции на Турција, три лица се спасени од под урнатините во Газиантеп, 76 часа по земјотресот.

Продолжуваат операциите за пребарување и спасување во регионите погодени од земјотресот, а во Газиантеп таткото и синовите Митхат, Ерсин и Мустафа Табур беа извлечени од под урнатините.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала со епицентар во провинцијата Кахраманмарас погодија десет провинции и повеќе од 13 милиони луѓе

Back to top button
Close