Татко во САД се убил откако бебето што го оставил во автомобил починало

Маж во Вирџинија САД си го одзел животот откако случајно го оставил синот на возраст од 18 години, три чесови во вжештен автомобил, а бебето починало.

Таткото бил надвот со синот кога се случила трагедијата и откако го пронашол безживотното тело на синот во автомобилот, се вратил дома.

Полицијата потоа добила повеќе повици дека таткото рекол оти го оставил синот три часа во автомобилот и дека бебето е мртво. Кога полицајците стигнале во неговата куќа, го нашле автомобилот паркиран, со отворени врати, а на задното седиште имало празно детско седиште. Внатре го нашле и несреќното момче.

Таткото на вораст од 37 години, најден е мртов во шумата зад куќата со прострелна рана од куршум во главата. Не е објавен идентитетот на жртвите.

„Оваа трагедија е ужасна на повеќе нивоа. Но, би било погрешно да не се искористи приликата за луѓето да сфатат дека е многу важно да се проверуваат автомобилите“, вели полицаецот Чарлс Хенсли.

Back to top button
Close