Таткото на шестгодишното девојче кое почина во битолската болница вели дека ѝ дале гликоза на покачен шеќер во крвта

Стојче Христовски, татко на шесргодишната Јана кога почина во Битолската болница обвинува дека , на покачен шеќер во крвта со вредност 9, ѝ дале гликоза во инфузија, по што шеќерот се покачил на 19.

„Пред три дена девојчето крена температура 37,7, ѝ дадовме сируп, ѝ спадна и вечерта немаше ништо. Вчера сабајлето ја однесовме во болница бидејќи вечерта ѝ се слоши и поврати. Пред да одиме на лекар ја болеа мускулите. При првиот преглед на крвта, шеќерот и беше 9, ѝ кажавме на докторката дека е дехидрирана, дури и не можеа ни крв да ѝ земат. По овој резултат докторката ѝ даде инфузија со гликоза, а на сопругата ѝ кажа дека шеќерот е покачен заради повраќањето. Почнаа да ѝ прават анализи на крвта, ни кажаа да седиме додека резултатите не бидат готови. После првата инфузија, шеќерот во крвта се покачи на 19 единици. Ќе ѝ ставаа втора инфузија, но не успеаја, девојчето почна да се губи“ раскажува таткото Стојче Христовски за „Зелена берза“.

Back to top button
Close