Температурите ќе се симнат и до -20 степени: Ладно време го зафаќа Балканот и Македонија

Целиот Балкан ова утро има исклучително ладно време, а постепено облачноста насекаде се намалува. На многу места температурите во регионот се спуштаат до близу, па и под -10 степени. Во делови од Балканот температурите се спуштаат дури до, па и под -15 степени. Понатамошен пад на температурите ќе имаме и понатаму, па така во текот на следните утрини во регионот, како и во нашата Република Македонија има можност температурите да се спуштат и до близу -20 степени.

Денес (19.2.2025 среда) од пладневните и попладневните часови во нашата Република Македонија ќе настапи целосно разведрување на времето, а ќе продолжи да дува повремено засилен ветер од северен правец, особено Во Повардарието и со брзина локално и повремено од над 60 км/час.

 

Температурите преку денов на многу места ќе се искачат само за неколку степени над нулата, а само во југоисточните предели тие ќе надминат за некој степен над 5 степени. Сепак, да напоменам дека понекаде, особено на повисоките населени места, планините, секако и Скијачките центри температурите и преку денов ќе бидат негативни, односно под нулата.

И во Скопје во текот на денов ќе настапи целосно расведрување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец.

Од крајот на денов и во вечерните часови, кон утрешниот ден (четврток 20 февруари) температурите ќе бидат уште пониски од сега, што значи ќе имаме исклучително ладно време со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу -10 степени, локално и под -10 степени, а во Беровскиот регион, повисоките населени места, планините, и секако Скијачките центри температурите ќе се спуштат до близу -15 степени, а не се исклучува можноста тие да се спуштат и под -15 степени

Back to top button
Close