Теракотна коза направена од кралот Чарлс е продадена за 8.500 фунти.
Мала керамичка коза која канаѓанецот Рејмонд Патен, ја чувал 55 години беше изложена на аукција во Стафордшир минатиот вторник.
Козата за неговиот 21 роденден му ја подарила тетка му која работела како готвачка на Универзитетот Кембриџ.
„Верувам дека таа го познаваше идниот крал на лична основа. Цел живот ја чувам козата“, рече Патен.
Патен рекол дека неговата тетка ми кажала дека “принцот Чарлс ја направил козата“. Тој додава: „Беше горда на фактот дека беше на Универзитетот Кембриџ во доцните 1960-ти, кога таа работеше како готвач за претседателот на колеџот Квинс“.
Чарлс Хансон, од аукциската куќа за BBC вели: „Рејмонд одлучи да се раздели со козата поради нејзиното историско значење. „Тој е во пензионерски години и сакаше да и најде нов дом каде што ќе се чува во наредните децении.