ВИДЕО: На патот Рашче-Сарај возило излетало со 4 лица во Вардар
Тешка сообраќајка се случи попладнево покрај реката Вардар, поточно на патот Рашче-Сарај.
Полициски извори информираат за Алсат дека се автомобил излетал од патот и завршил во Вардар.
Неофицијално станува збор за постар брачен пар, нивната невеста и еден од синовите на брачниот пар.
Алсат дознава дека петиот сопатник е 5-годишно дете кое излетало од автомобилот при превртување на автомобилот во реката Вардар. Детето го пронашле случајни минувачи и со нивна интервенција било донесено во болницата 8 септември во Скопје.
Се уште нема јасна слика за здравствената состојба на детето, додека од останатите 4 лица се уште се трага.
На местото на несреќата веќе се пристигнати полиција и нуркачи, кои учествуваат во потрагата по останатите 4 лица, од кои во моментов нема трага.