Тинејџерка со „сеат“ излетала од пат во Гевгелиско, со тешки повреди пренесена во болница

Осумнаесетгодишна девојка е тешко повредена откако возејќи „сеат“ изгубила контрола и излетала од пат во Гевгелиско.

„Вчера во 13.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат с.Стојаково – с.Богородица, гевгелиско, патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(18) од село Стојаково, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Медицински центар Гевгелија“, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Back to top button
Close