Тирк: Ужасни настани се случија во Газа во изминатите 48 часа 

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОН), Фолкер Тирк, изјави дека е „згрозен од ужасните настани што во изминатите 48 часа се случија во Газа“.

„Убиството на толку многу лица во училиштата што се претворени во засолништа, покрај бегството на стотици лица од болницата Ал-Шифа, како и раселувањето во јужниот дел на Газа, се целосно спротивни со заштитата на цивилите што ја бара меѓународното право“, изјави Тирк на социјалната мрежа Х.

Во видео пораката тој кажа дека „ова мора да престане“ и дека треба да се воспостави прекин на огнот „врз основа на хуманитарни и човекови права“, пренесе Би-Би-Си.

Back to top button
Close