Тома Фила кандидат за градоначалник на Белград
Познатиот белградски адвокат со македонско потекло и член на Претседателството на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Тома Фила, ќе биде кандидат на СПС за градоначалник на градот Белград на изборите што треба да се одржат на 17 декември.
На изборите во 2022 година, Тома Фила исто така беше кандидат за градоначалник на Белград на СПС и до овие избори беше пратеник во собранието на град Белград.
Инаку денес СПС со Единствена Србија (ЈС) на Драган Марковиќ Палма и со Зелените на Србија (ЗС) коалициски договор за вонредните парламентарни и белградски избори на 17 декември.
Заедничката изборна листа за парламентарните избори ќе има назив „Ивица Дачиќ-премиер на Србија“,
Тома Фила ќе биде заеднички кандидат за градоначалник на Белград за оваа изборна коалиција.