Тони Михајловски на ФБ- тестот ми е позитивен, имам корона

Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО – ДПМНЕ, Тони Михајловски е позитивен на коронавирус.

Веста вечерва самиот ја соопшти Михајловски на социјалните мрежи.

„Почитувани граѓани, за жал мора да ве известам дека на моето денешно тестирање од Ковид-19 излегов позитивен, вакциниран и почитувајќи ги сите мерките за заштита на моето и вашето здравје сепак дојде до оваа несакана ситуација за секого. Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долго очекуваната и заслужена промена во Куманово“, пишува тој.

Back to top button
Close