Трајковски: Инспектор ме испрати во станот на таткото на Вања да проверам дали девојчето е сокриено во плакар

Сведокот Гоце Трајковски на денешното рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, истакна дека полициски инспектор му рекол да оди во станот на таткото на Вања, Александар, и да снима и да провери дали Вања е сокриена во плакар или во тоалет.

– Се согласив, ама и се јавив на сестра му на Александар и и кажав што побарале од мене. Таа ми рече оди слободно, ама не и беше јасно зошто ме праќаат кога полицијата веќе два пати била во станот, рече Трајковски.

Тој рече дека не бил натеран од инспекторот, туку било побарано од него, со изговор да помогне на истрагата

Back to top button
Close