Трајковски избори финале во скок во далечина на атлетското ЕП
Пласман во финалето во скок во далечина со нов државен рекорд обезбеди вечерва Андреас Трајковски на првиот ден од атлетското Европско првенство (ЕП) во сала кое до 9 март се одржува во холандскиот град Апелдорн.
Трајковски, кој е единствениот македонски претставник на ЕП во Апелдорн, обезбеди пласман меѓу осумте најдобри со резултат 7.85 метри кој го постигна во третата серија, што воедно е и нов македонски рекорд во оваа дисциплина.
Во првата серија Трајковски прескокна 7.51, а во втората 7.77 метри, освојувајќи го на крајот седмото место во квалификациите.
Финалето во скок во далечина во машка конкуренција е на програмата в петок со почеток во 20:34 часот.