Трагедија кај Кванташки пазар: Возач почина зад волан

Screenshot

Возач починал на среде улица во населбата Маџари, на патот кон Кванташки пазар, откако претходно успеал да го запре возилото што го управувал.

Според првичните информации, причината, се претпоставува дека е здравствен проблем.

Неофицијално, случајот бил пријавен од минувачи, по што на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош. И покрај интервенцијата, лекарите не успеале да го спасат. Неофицијално, лицето има околу 60 години.

На местото се очекува пристигнување на полициски екипи и вршење увид, по што ќе бидат познати повеќе детали за причините за смртта.

Сообраќајот се одвива поспоро, со оглед дека возилото е на сред улица.

Извор: skopje1.mk

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close