Трагедија на плажа на Халкидики: Почина тинејџер, не помогнала ниту реанимацијата
Тинејџер почина во море во популарно грчко одморалиште.
Тинејџерот наводно бил извлечен од водата во несвест и по кратко време била констатирана смрт. Инцидентот се случил денеска околу пладне во Неа Флогита, Халкидики, Грција.
Како што пренесуваат грчките медиуми, братучетка на тинејџерот (15) наводно видела дека е со лицето надолу во водата, но прво помислила дека се шегува.
По неколку секунди му пришла и сфатила дека не се движи. Таа го свртела и виде дека од устата му излегува пена.
Малолетникот веднаш бил изваден од морето и извесно време се правел обид за реанимација. За неколку минути на местото на настанот пристигнала брза помош која го однела младиот човек во Здравствениот дом во Мудања.
За жал, немало спас за несреќниот млад човек.
На плажата во тој момент имало спасител, но неговите обиди да го спаси тинејџерот биле неуспешни.
Се уште не се знае дали момечето е турист и од која земја, како и што ја предизвикало неговата смрт, јавуваат грчките медиуми.