Трагедија во Црна Гора: Гром уби деветгодишно дете

Деветгодишно момче загина денеска околу 18 часот како последица на удар на гром во селото Краденик во Црна Гора

Како што пренесува „Вијести“, момчето било со другите членови на семејството на ливада во близина на куќата кога го удрил гром. Додека семејството работело на полето, започнало невреме.

Екипата за брза помош била испратена во тоа село. „Момчето е однесено без знаци на живот во селото Црнча. За жал, ниту реанимацијата, ниту сите напори на лекарите не дадоа резултат, а им остана само да констатираат смрт“, велат од болницата во Бијело Поље

Back to top button
Close