Трамп го преименува езерото Онтарио во Езеро Америка

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека го преименувал езерото Онтарио во Езеро Америка, нагласувајќи дека одлуката стапува на сила веднаш.

Тој потпиша извршна уредба во Овалната соба со која се бара од официјалните служби на САД за географски називи да го променат името на тоа езеро.

Езерото Онтарио, едно од петте Големи езера во Северна Америка, се наоѓа на границата помеѓу канадската покраина Онтарио и американската држава Њујорк. Една недела пред уредбата, целосно пропаднаа тридневните интензивни трговски преговори меѓу САД и Канада .

Двете страни се обвинуваа меѓусебно за пропаѓањето. На 22 август, Белата куќа воведе царини од 50 проценти за одредени производи од Канада. Како одговор, Канада објави воведување контра-тарифи за американски стоки до 50 проценти.

Back to top button
Close