Трамп: Куомо виновен за грабежите во Њујорк

– Претседателот на САД Доналд Трамп го критикуваше гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо на Твитер по синоќешните протести во Њујорк за време на кои демонстрантите уништија имот и ограбуваа продавници.

– Њујорк е изгубен поради разбојници, бандити, радикалната левица и сите други форми на џган и ѓубриња“, напиша Трамп на својот профил на Твитер, додавајќи дека гувернерот на Њујорк одбил да ја прифати неговата понуда за распоредување на членовите на Националната гарда.

– Градот Њујорк е искинат на парчиња, истакна Трамп во твитот, јави Си Ен Ен.

Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо и градоначалникот Бил де Балзио воведоа полициски час вчера од 11:00 часот до 5:00 часот и денеска од 20:00 часот.

Back to top button
Close