Трамп: НАТО сега нуди помош, беа бескорисни кога ни беа потребни

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли понудата на земјите од НАТО за помош во Ормуската Теснина и им порача да „држат дистанца“.
Трамп соопшти дека примил повик од НАТО, во кој го прашале дали му е потребна помош.
„Им реков да се држат настрана, освен ако само не сакаат да ги наполнат своите бродови со нафта. Беа бескорисни кога ни беа потребни, хартиен тигар“, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа Truth Social.
Тој им се заблагодари на Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар за големата храброст и помош и најави дека Иран, со помош на САД, ќе ги отстрани сите мини од Ормуската Теснина.






