Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да нападне земја-членка на НАТО, минимизирајќи ги медиумските извештаи дека директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, ги предупредил руските претставници против таков напад претходно оваа недела.

„Тој нема да нападне територија на НАТО“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, осврнувајќи се на Путин.

Трамп претходно во телефонско интервју за Аксиос изјави дека нема да се случи таков напад и дека Ратклиф не е испратен во Москва за да достави никаква посебна порака.

„Ратклиф се гледа со својот руски колега еднаш на секои шест месеци или еднаш годишно. Тие имаат многу добри односи. Немаше никаква порака и немаше ништо необично“, рече Трамп.

Back to top button
Close