ВИДЕО: Трамвај излета од шини во Белград и се заби во зграда, има повредени
Трамвај што сообраќал по улицата Цар Душан во Белград утрово излетал од шините и се забил во зграда, а според неофицијални информации има повредени лица.

Несреќата се случила околу 9:30 часот. На местото на настанот пристигнале екипи на Брза помош, а според српските медиуми, неколку лица се пожалиле на повреди.
Од службата за итна медицинска помош за Н1 изјавиле дека нивни екипи се на терен. Засега нема официјални информации за бројот и тежината на повредите.
На снимките објавени од местото на несреќата се гледа трамвај со тешко оштетена предна кабина, а дел од седиштата во возилото се откорнати од силината на ударот.
Sve su pokvarili, sve.
Dorćol upravo. pic.twitter.com/CxYNUdx6qa— Ana Mirkovic (@ana_mirkovic) May 25, 2026
Причината за несреќата засега не е позната. Надлежните служби треба да утврдат како трамвајот излетал од шините и завршил во зградата.






