Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија

Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.

Има наметка која преживеаните од траума ја носат на себе, како сенка што им шепоти зад вратот.
Никогаш не знаете кога ќе бидете принудени да ја носите.

Ве зафаќа одеднаш, се обвиткува пред да ја препознаете нејзината тежина, како мадленот на Пруст, заборавен во мракот.

Мириси кои ве носат назад во темни, збунувачки простори, фрази што ве испраќаат во друго време, друга вие.
Звуци. Фотографии. Датумот. Случајни забелешки или неочекувани допири. Секојдневни, безопасни постапки што ве катапултираат од сега до моментот кога ќе станете некој друг.

Телото секогаш се сеќава. Започнува во стомакот, на тоа длабоко и темно место каде ги чувате несаканите чувства и се шири. Го зграпчува срцето. Ви го одзема здивот. Го замаглува мозокот.

Може да си кажете дека сте безбедни, но вашето тело се сеќава дека некогаш претходно не сте биле, а „наметката“ посилно се стега околу вас, ве влече назад. Никаде не е безбедно. Ниту дома, ниту на работа, ниту во бањата, ниту училиштето, ниту улиците, ниту сопствениот кревет.

Назад на горчливиот шок на моментот кога сфативте дека немате моќ. Дека вашите желби, потреби и вашето достоинство како личност повеќе не се бројат. Теророт да се прашувате дали ова можеби се вашите последни моменти, беспомошноста на моментот кога вашиот живот не е во ваша контрола, болното сознание дека вашето тело повеќе не ви припаѓа вам и дел него никогаш повеќе нема да ви припаѓа.

Преживеаните ги носат тие чувства со себе, секогаш и засекогаш, како каменчиња што не можете да ги тргнете од чевелот.

И кога ќе слушнете туѓа приказна, повторно влегувате во вашата. Вие сте тие, и тие се вие, и ги земате нивните камења и ги носите со вас, додавајќи ја нивната приказна во таписеријата на вашата наметка.
Оние што зборуваат за својата приказна неизбежно ќе слушнат и туѓи, од други очајни за сидро низ бурата емоции.

Како жена што јавно проговори за своето искуство со сексуален напад, вклучително и силување, пораките кои ги добивам се исполнети со непознати и пријатели кои носат свои наметки, кои во очај и бес се препознаваат во другите.

Жени кои не се сигурни дали нивниот напад бил силување затоа што сторителот бил пријател или сакан. Жени чие прво сексуално искуство било напад. Мажи кои не знаеле дека познаваат жена која преживеала сексуално насилство (статистички, познаваат повеќе од една). Мажи кои сакаат да ве уверат дека се различни. Жени кои споделуваат товар што тивко го носеле со децении.

И оние кои сакаат да знаете дека не би сакале ни да замислат како е бидејќи „За момент помислив, èВториот пат кога бев нападната, бев повлечена на земја од непознат човек кој виде како одам дома од работа и ме следеше. Му се допаднала мојата коса и решил да види што друго му се допаѓа, ме влечеше, ми ја кинеше облеката и ме маваше, во обид да добие сè што сака.

Ме спаси една двојка, која го виде нападот, но на почетокот нè одмина, свртувајќи се само кога едниот го праша другиот: Што ако беше нашата ќерка?

Ќе им бидам засекогаш благодарна што застанаа. Но, мојата вредност како човек таа вечер не требаше да биде одредена од вредноста на нечија ќерка. Сликата на жена, нападната покрај пат, во очигледна вознемиреност и врескање, не беше доволна. Беше спасена кога понесе лице на друга жена.

Дали сите оние кои таа вечер индиферентно возеа покрај нас познаваа само мажи? Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната. Мажите, а ова е став што често го споделуваат токму мажите, не треба да помислуваат како би страдале жените во нивниот живот за да почувствуваат емпатија и да дејствуваат за да помогнат на непозната жена.

Траумата нема род. Ниту емпатијата. Но, кога траумата и припаѓа на жена, премногу мажи треба да помислат на жена која ја сакаат и да размислат како таа би се чувствувала и што треба да се стори.

Оние жени кои слушаат за нивната вредност сведена на туѓа, слушаат дека нивната приказна е вредна затоа што би можела да припаѓа и некому друг, чувствуваат дека наметката се стега посилно и поцврсто.

Затоа што не е доволно што некој потполно ви ја одземал контролата.

Сега некој друг одредува како ве слушаат, врз основа на жени кои не се поврзани со вас или вашето искуство.
И, дополнително, треба да бидете благодарни. Бидејќи обратната перспектива- што кога не би имале ќерка – е превознемирувачка за воопшто и да се замисли.

Извор: Гардијан

превод: Медуза

Back to top button
Close