Трендафилов: На утрешниот протест нема да се делат сендвичи
Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите оние кои се грижат за благосостојбата на работниците да се приклучат на утрешниот протест, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.
Трендафилов истакна дека кога работодавачите и Владата ќе ги зголемат платите, работниците ќе можат да си купат сендвичи, но и многу други работи за нивните семејства.
-На утрешниот протест нема да се делат сендвичи, изјави претседателот на ССМ и додаде:
„На 1 мај се бореле за 8 часа работно време, нешто кое денеска во Македонија го немаме. ССМ излегува на протест, да бара згоелмување на минималната плата 500 евра, на сите останати плати за 100 евра, да бара зголемување на платите на сите. На 1 мај ССМ, за наша среќа дел од другите синдикати ќе се приклучат утре точно во 11 часот. Стартуваме од пред работничкиот дом каде што ќе упатиме пораки до Собранието, потоа одиме пред Стопанската комора и на крајот пред Влада“.