Три авиони кружат над Скопје и не може да слетаат на скопскиот аеродром

Авионот од Варшава, Анталија и Меминген моментално кружат над скопскиот аеродром и не може да слетаат поради лоши временски услови, односно густа магла.

Во моментов има информација дека летот од Анталија дека е пренасочен кон Измир,  летот од Меминген кон Приштина, а летот од Варшава се враќа назад.

Најновиот METAR извештај за аеродромот Скопје (LWSK) од 25-ти јануари во 15:50 UTC покажува дека временските услови и понатаму се неповолни за воздушниот сообраќај, со значително намалена видливост и присуство на густа магла.

Детали од извештајот:

  • Ветер: Променлив слаб ветер (VRB) со брзина од 1 јазол.
  • Видливост: Хоризонталната видливост е намалена на само 300 метри.
  • Видливост на пистата: Пистата 34 има видливост од 300 метри, без промени (N = No Change).
  • Магла: Густа магла (FG) продолжува да го доминира воздушниот простор.
  • Облаци: Потполна облачност (OVC) на многу ниска висина од 100 стапки.
  • Температура: 5°C, точка на росење 4°C, што укажува на висок степен на влажност.
  • Атмосферски притисок: 1022 хектопаскали, со стабилни услови.
  • Прогноза: Нема значителни промени во временските услови (NOSIG).

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close