Трифонов ќе го тужи Петков зашто го нарекол мафија

Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов ќе поднесе тужба против премиерот Кирил Петков, вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев и министерот за спорт во оставка од ИТН Радостин Василев. Ова го напиша Трифонов на својот официјален Фејсбук.

-Денеска неколку пати слушнав дека јас сум мафијата. Тоа го кажаа премиерот Кирил Петков, министерот за финансии Асен Василев и – не знам како да го дефинирам – Радостин Василев. Се согласувам дека во Бугарија секој може да каже се за секого, но мора да преземе одговорност за своите зборови. Еднаш ги осудив жолтите весници за нивните лаги. Ги добив сите случаи. Сега ќе поднесам тужби против Кирил Петков, Асен Василев и Радостин Василев за нивните лаги и сугестии. И, се разбира, ќе ги победам, порача Трифонов

Back to top button
Close