Tројца хирурзи од Србија работеле на државна Кардиохирургија без лиценца?!


Mинистерот за здравство Илир Демири тврди дека тројца кардиохирурурзи што доаѓале да работат на Универзитетската клиника за кардиохирургија во Скопје, од Србија, немале лиценци. Тој во интервју за Телма рече дека се работи за докторите Чубрило, Алексиќ и Лазовиќ.

Овие тројца кардиохирурурзи од Србија според министерот за здравство немале лиценца од македонската лекарска Комора

 

 

Задолжителна процедура за секој кардиохирург кој доаѓа да оперира во Македонија без разлика на тоа дали е водечки хирург или помага во операцијата, да има лиценца од Лекарската Комора.

Постапката за издавање на лиценца е задолжителна и вклучува доставување на барање од македонско хируршко здружение до лекарската Комора дека одреден странски кардиохирург им е потребен. Се доставува и фотокопија од странската лиценца на докторот и тој добива македонска лиценца од Лекарска Комора која му трае 1 година.

Демири тврди дека овие ардиохирурурзи ја немале оваа лиценца, а биле ангажирани на државната клиника за кардиохирургија.

Тој во интервјуто за Телма истакна дека смртноста на Клиниката е зголемена и дека со формирањето на стручната комисија која ја испитуваше смртноста во оваа стратешка институција за македонското здравство немал намера да наштети туку да му укаже на сега разрешениот директор доктор Марјан Шокаровски дека квалитетот е намален а смртноста зголемена.

Министерот истакна дека нема намера да биде министер што ќе биде сакан туку министер што ќе биде правичен.

Според него, минатата година кардиохирургот професор доктор Сашко Јовев е разрешен и обесправен иако ја формирал оваа здравствена установа.

Back to top button
Close